Околу 650 милиони евра ќе отидат за увоз на енергенси

Bez autora
Jan 03 2012

Речиси половина од вкупните потреби за енергија во 2012 година Македонија ќе задоволи со увоз, за што ќе потроши околу 650 милиони евра. Или, од домашни извори ќе обезбеди 54, а од увоз 46 проценти од потребите за струја, гас и нафтени деривати. Вкупната потрошувачка на енергија во 2012 година во однос на 2011 ќе биде поголема за 4 отсто. За 2,2 проценти ќе се троши повеќе струја, за 10,1 отсто повеќе природен гас и за 4,8 проценти повеќе нафтени деривати. Според енергетскиот биланс, струјата ќе биде доминантен енергент со учество од над 40 отсто. Производството на електрична енергија од домашните извори се предвидува да изнесува околу 6.000 гигават часови, а остатокот од потребите да се набави од увоз. Потрошувачката на нафта и нафтени дериват во 2012 година ќе порасне за 6,6 отсто, односно на 743.000 тони.

Околу 650 милиони евра ќе отидат за увоз на енергенсиРечиси половина од вкупните потреби за енергија во 2012 година Македонија ќе задоволи со увоз, за што ќе потроши околу 650 милиони евра.

Или, од домашни извори ќе обезбеди 54, а од увоз 46 проценти од потребите за струја, гас и нафтени деривати.

Вкупната потрошувачка на енергија во 2012 година во однос на 2011 ќе биде поголема за 4 отсто. За 2,2 проценти ќе се троши повеќе струја, за 10,1 отсто повеќе природен гас и за 4,8 проценти повеќе нафтени деривати.

Според енергетскиот биланс, струјата ќе биде доминантен енергент со учество од над 40 отсто.
Производството на електрична енергија од домашните извори се предвидува да изнесува околу 6.000 гигават часови, а остатокот од потребите да се набави од увоз.

Потрошувачката на нафта и нафтени дериват во 2012 година ќе порасне за 6,6 отсто, односно на 743.000 тони.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik